
Меѓународниот ден на стари лица
По повод Меѓународниот ден на стари лица – 1 Октомври, во просториите на Црвен крст Охрид и Едукативниот центар на Црвен крст Охрид во с. Велестово, се организираа информативна и креативна работилница со групата на стари лица „Најди време“, пензионери и членови на Клубот на млади.
На настанот беа презентирани статистички податоци за актуелната состојба на старата популација во светот, Македонија, како и конкретно за општините Охрид и Дебрца.
Во креативниот дел од работилницата учество зеде волонтерката на Мировниот корпус, Danielle Hamilton, која заедно со учесниците реализираше интерактивни креативни активности.
Дополнително, беше одржана кратка презентација за јогата и нејзините придобивки за постарата популација од страна на јога инструкторот Ванчо Тасески, со цел поттикнување на активен и здрав начин на живот.
Настанот помина во пријатна и инспиративна атмосфера, поттикнувајќи меѓусебна поддршка и вклученост на постарите лица во заедницата.













