декември 4, 2021
Меѓународниот ден на лица со попреченост🤝🥰
На 3 декември (петок) заедно го прославивме роденденот на “Тајните на моето срце” – здружение на родители на деца со посебни потреби и го одбележавме Меѓународниот ден на лица со попреченост
Нашите волонтери присуствуваа на овој настан, играјќи и смеејќи се со дечињата ја споделија позитивната енергија и обострано си го го разубавија денот
На децата им поделивме новогодишни пакетчиња и подароци
Насмевките на малите борци, нивната уникатност и силна љубов ја направија ноќта прекрасна и незаборавна!
“Многу од нас избрале да станат волонтери со цел корисно да го исполнат слободното време, но токму во вакви моменти ја чувствувам вистинската вредност на ова хоби” – вели нашата млада волонтерка Бојана.