
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЛАДИ
По повод Меѓународниот ден на младите, на 12.08.2024, Клубот на млади при Црвен Крст Охрид организираше настан на градскиот плоштад насловен ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ.
Овој настан имаше за цел промоција на работата на Црвениот крст, мотивација на волонтери и регрутација на нови волонтери.
Во текот на настанот, младите волонтери презентираа бројни активности во рамките на повеќе дејности на Црвениот крст, и тоа: здравствено-превентивната дејност, прва помош, ментално здравје, спасувањето на вода.
Исто така, на неколку пунктови се презентираше работата на волонтерите во Клубот на млади, а со своја музичка изведба настапија и талентираните волонтери од Клубот.
Спасителите на вода имаа своја презентација на опремата што ја користат за извлекување и спасување давеници, како и на дел од вештини и техники за укажување на прва помош на давеник
Младите се движечката сила на општеството и Црвен крст Охрид им го честита Меѓународниот ден на младите на сите волонтери од Клубот на млади кои дел од своето време посветуваат на разубавувањето на нечиј ден преку хумани дела.




