
јули 4, 2026
КУРС ЗА СПАСИТЕЛИ НА ОТВОРЕНИ ВОДИ 2026 ОХРИД
Во периодот од 21.06 до 28.06 успешно се реализираше овогодинешниот курс за спасители на отворени води, во организација на нашиот центар!
На обуката се пријавија 22 кандидати од Охрид и Струга, но критериумите беа високи, а процесот интензивен. По сериозни физички и теоретски предизвици, само најподготвените стигнаа до целта — успешно завршија 15 нови спасители!
Им честитаме на новите колеги за покажаниот труд, дисциплина и подготвеност.
На новите спасители им посакуваме успешна сезона и пред сè — мирно лето со што помалку интервенции!






