
декември 11, 2025
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА во Факултетот за туризам и угостителство
На ден 10.12.2025 год. , во просториите на ФТУ Охрид, Црвен крст Охрид во соработка со Служба за трансфузиона медицина-Охрид организираше успешна крводарителска акција со студенти и општа популација, која беше последна од планираните акции од годишниот интегрален план за организирање на крводарителски акции за 2025 година.
Крводарувањето е висок чин на солидарност – им благодариме на сите граѓани кои во текот на изминатите месеци од 2025 година даруваа крв.
Дарувај крв, спаси нечиј живот!













