
декември 9, 2025
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА во Факултетот за туризам и угостителство
Искористете го овој РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување, да ја искажете својата хуманост на крводарителската акција која под мотото ПОДАДИ РАКА ЗА ЖИВОТ! ДАРУВАЈ КРВ! ќе се реализира на 10.12.2025 г. (среда), од 10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство, Охрид.
Ги покануваме студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид како и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција.





