
септември 10, 2026
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА 12 СЕПТЕМВРИ 2026
На 12 септември 2026 година (сабота), Црвен крст Охрид, во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Охрид, ќе спроведе крводарителска акција.
Оваа крводарителска акција ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, од 10:00 до 14:00 часот.
Црвен крст Охрид ги кани граѓаните да ја изразат својата хуманост дарувајќи крв за време на оваа акција.
Дарувај крв – спаси живот!





