мај 27, 2020

Крводарителска акција во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид

На ден 27.05.2020, oд 9 -14 часот во организација на Црвен крст Охрид и Општина Охрид, во спортската сала од ООУ „Григор Прличев“, реализирана беше успешна крводарителска акција. Во текот на оваа акција, одржана под мотото „Охрид спасува животи“, крв даруваа 48 хумани граѓани меѓу кои: матуранти, вработени во Општина Охрид, вработени во СВР Охрид, волонтери на Црвен крст Охрид и членови на навивачката група „Рибари“. 

Особено нè радува фактот што и во оваа крводарителска акција учествуваа граѓани кои крв даруваа по прв пат.

Црвен крст Охрид изразува голема благодарност до сите крводарители. 

 

< врати се назад