Кампања за ретки болести
Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и оваа година се придружи кон кампањата за Ретки болести. На ден 19.02.2020 на редовниот состанок на Клуб на млади, волонтерите беа посетени од активист за поткренување на свеста за ретките болести, Гордана Лолеска и ги проширија нивните знаења за тоа колку случаи на ретки болести постојат во светот, колку дијагнози на ретки болести се откриени и слично.
Со оваа кампања се укажува дека оние кои што имаат ретка болест не се разликуваат по ништо од оние кои немаат, и дека сите се исти и уникатни на некој свој начин. Не треба да се дискриминира и отфрла од нашето општество и дека треба да се направи сѐ што е во наша можност да се почувствуваат прифатени, среќни и радосни во општеството кое ги опкружува.
Во склоп на состанокот секој од волонтерите кои присуствуваа обоија по една дланка во знак на 5% од ретките болести кои може да се третираат и лекуваат.