
ЈУБИЛЕЈ 10 ГОДИНИ ВДИШИ ТЕАТАР
Јубилејните активности на Црвен крст Охрид продолжуваат и денес со одбележување на уште еден јубилеј 10 години „Вдиши Театар“-Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал.
Овогодинешното, јубилејното издание на ВДИШИ ТЕАТАР ќе биде отворено денес, 14 јуни 2025 г., во предворјето на црквата „Св.Софија“ во Охрид, со почеток во 20:30 часот, со изведба на интернационална театарска претстава „Балканград“, која во копродукција на организациите на Црвен крст од Охрид, Суботица, Крагуевац, Бар и Ужице ја подготвуваа волонтерите на Црвен крст од споменатите градови.
Преку оваа театарска претстава, на повеќе јазици, младите зборуват гласно, храбро и лично за суровата реалност на овие балкански простори, потрагата за подобар живот, морални вредности и правда.
Како најава за почеток на културното лето, ги покануваме нашите сограѓани и гости заеднички да уживаме во ова необичното театарско дело.
Влезот е слободен.