април 22, 2019

Хуманитарна продажна акција во поддршка на 13 годишниот херој Марко Пејчиноски

Во рамки на своите хуманитарни активности Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Охрид во соработка со компанијата Комфи Ангел од Прилеп организираше хуманитарна продажна акција на високо квалитетните производи на оваа реномирана компанија, која се реализираше на 20.04.2019 (сабота) на плоштадот „Крушевска Република“ (Чинар). Во периодот од 9-17 ч. беа изложени познатите производи на Комфи Ангел, постелнини, перници, јоргани, душеци и др., а посетителите имаат можност истите да ги набават по симболични, промотивно-хуманитарни цени. Дел од средствата собрани од продажбата на производите ќе бидат наменети за помош во реализација на новиот спортски потфат на нашиот херој Марко Пејчиновски.

 

< врати се назад