
октомври 6, 2025
ЕСЕНСКА РАБОТИЛНИЦА
Во рамки на Неделата на млади на Црвениот крст (1–7 октомври), Клубот на млади при Црвен крст Охрид организираше
ЕСЕНСКА РАБОТИЛНИЦА која се одржa на 1 октомври во просториите на Црвен крст Охрид.
Учесниците изработуваа прекрасни есенски украси, споделуваа идеи, креативност и насмевки. Работилницата беше вистински пример за тимска работа, меѓусебна поддршка и пријателство.
Покрај изработка на прекрасни есенски украси, целта на оваа активност беше да се поттикне тимската работа, да се развие креативното размислување и да се создаде простор каде секој млад човек може да го изрази својот талент и енергија.
#ЦрвенКрст#ЦКмлади#МладиЗаОхрид
