септември 30, 2025

ЕСЕНСКА РАБОТИЛНИЦА

Клубот на млади при Црвен крст Охрид започнува со одбележување на Неделата на млади на Црвениот крст на Република Северна Македонија (1 до 7 октомври)

Како прва од многуте активности, утре (1.10.2025), Клубот на млади во просториите на Црвен крст Охрид, со почеток од 20:00ч организира ЕСЕНСКА РАБОТИЛНИЦА.

Покрај изработка на прекрасни есенски украси, целта на оваа активност е да се поттикне тимската работа, да се развие креативното размислување и да се создаде простор каде секој млад човек може да го изрази својот талент и енергија.

#ЦрвенКрст#ЦКмлади#МладиЗаОхрид

< врати се назад