октомври 2, 2023

Една година од имплементацијата на проектот „3аштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“

Ја заокруживме првата година од имплементацијата на проектот „3аштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
По тој повод, во текот на месец септември, во просториите на Црвен крст Охрид се одржаа две средби.
На првата средба, којашто се одржа на 13.09.2023, присуствуваа претставници на проектните партнери, Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, и претставници на Јавната установа Национален парк Галичица (ЈУНПГ). Во текот на оваа средба, проектниот тим ги презентираше резултатите постигнати во првата година од спроведувањето на проектот и се дискутираше за претстојните проектни активности.
Втората средба, одржана на 25.09.2023, беше посветена на резултатите од научните истражувања коишто во рамките на проектот се спроведуваат во пештерите на Галичица. Резултатите од истражувањата ги презентираше д-р Билјана Гичевски од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, а презентацијата ја проследија претставник на Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и претставници на ЈУНПГ. Резултатите од овие истражувања се од значење за науките коишто ги проучуваат пештерите и пештерските екосистеми, како и за управувањето и заштитата на непроценливото природно богатство на Галичица. Исто така, досегашните резултати претставуваат и поттик за продолжување на проучувањето на пештерите и пештерските екосистеми на Галичица.
Црвен крст Охрид и „Урсус спелеос“ упатуваат огромна благодарност до Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и до Јавната установа Национален парк Галичица за поддршката и за соработката во спроведувањето на проектот „3аштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад