мај 8, 2020
Донација на 50 хуманитарни пакети
Од почетокот на кризата предизвикана од ширењето на корона-вирусот, многу граѓани стапуваат во контакт со Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид за да ја изразат својата подготвеност да им помогнат на луѓето кои се најтешко погодени од ситуацијата во која се наоѓаме. Во текот на изминатава работна недела, хумано семејство од Охрид обезбеди 50 пакети со прехранбени продукти и со средства за хигиена коишто Општинската организација Охрид ги достави до социјално загрозени домаќинства од градот и од селата Куратица и Лескоец.