март 4, 2026

Доделени сертификати за успешно завршување на програмата „Млади лидери создаваат иднина“

На 17.02.2026, Црвен крст Охрид им додели на 10 млади луѓе сертификати за успешно завршување на програмата „Млади лидери создаваат иднина“.

Програмата се спроведе во периодот од септември до декември 2025 година. Младите учесници посетија 13 работилници на различни теми и Панел за кариера.

„Млади лидери создаваат иднина“ е програма за развој на младинско лидерство и е наменета за млади од деветто одделение до трета година средно образование. Црвен крст Охрид ја реализира оваа програма со цел да им овозможи на младите учесници

Да ги зајакнат своите лидерски вештини

Да стекнат вештини потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери

Како лидери да земат учество во живеењето на заедницата.

Црвен крст Охрид повторно ќе ја реализира оваа програма во првото полугодие од учебната 2026/2027 година.

Црвен крст Охрид им изразува голема благодарност на сите соработници што придонесоа кон успешната реализација на минатогодишниот циклус од програмата „Млади лидери создаваат иднина“.

< врати се назад