ноември 23, 2021

Црвен крст отвора сметки за донации за помош на семејствата на настраданите во автобуската несреќа во Р. Бугарија

Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува сочуство до семејствата на настраданите граѓани во стравичната автобуска несреќа која се случи на автопатот „Струма“ во Република Бугарија. Од македонскиот Црвен крст отворија банкарски сметки и телефонски броеви на кои граѓаните можат да донираат финансиска помош која ќе биде упатена кон семејствата на настраданите во сообраќајната незгода.

Нашата Организација ги става во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, материјална и финансиска поддршка. Во оваа смисла Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување финансиска помош за настраданите семејства како последица од настаната катастрофа, велат од Црвен крст. 

Донациите можат да се остварат преку:
Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во сообраќајната несреќа во Република Бугарија. Граѓаните може да донираат средства и со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

< врати се назад