
ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ПРОНАЈДЕ ИДНИНАТА
Младите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, заедно со своите врсници од организациите на Црвен крст од Суботица, Крагуевац и Бар вчера учествуваа на инспиративна, едукативна онлајн презентација посветена на големиот, светски научник Никола Тесла, со наслов ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ПРОНАЈДЕ ИДНИНАТА.
Презентерот, Владимир Јеленковиќ, новинар и публицист, долгогодишен директор на Музејот на Никола Тесла во Белград и автор на неодамна објавената капитална книга за Тесла „Скриениот свет на генијалецот“ изнесе нови поединости за животот на Тесла, неговата научно-истражувачка и пронаоѓачка работа, кои во голем дел, до денес останаа непознати за пошироката јавност. Особено беа истакнати изумите на Никола Тесла кои во поново време имаат примена во медицината.
Активноста е реализирана со поддршка на организацијата Canadians For Children At Health Risk од Торонто, Канада.





