
18 ОКТОМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ
На последниот редовен состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид, по повод одебележување на 18 октомври – Меѓународниот ден на борба против трговија со луѓе, се одржа врсничка едуакција на тема: Прeвенција од трговија со луѓе.
Врсничката едукација беше одржана од страна на Теона Талевска – волонтер и врснички едукатор на тема: Превенција од трговија и луѓе, а на истата беа присутни надс 30 волонтери.
Трговија со луѓе е сериозно кршење на човековите права и еден од најтешките облици на современо ропство. Таа подразбира регрутација, превоз или продажба на луѓе со цел нивна експлоатација – преку присилна работа, сексуална злоупотреба, просење или други форми на искористување.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА ТЕ ИЗЛАЖАТ
ИСКОРИСТАТ!
ИНФОРМИРАЈ СЕ СЕБЕ СИ И ДРУГИТЕ!








