јуни 17, 2025

10 години ВДИШИ ТЕАТАР – 10 години љубов, сцена и младинска енергија

Во изминатата деценија, преку сцената на Меѓународниот Аматерски Театарски Фестивал ВДИШИ ТЕАТАР, продефилираа над 100 охридски младинци, волонтери и актери на Црвен крст Охрид. Заедно со уште тројно повеќе млади од нашите пријателски организации од Суботица, Крагуевац, Ужице, Бар и Требиње, создаваме нешто повеќе од театар: простор за дијалог, толеранција, пријателство и надеж.

По повод 10 години постоење, со голема чест и емоции им доделивме признанија – статуетки ВДИШИ ТЕАТАР на сите учесници кои оставија трага на оваа сцена, во знак на сеќавање и благодарност за нивниот придонес во подигање на нивото на театарската култура во регионот. Ова е наш начин да кажеме: Ви благодариме!

Ви благодариме што го правите театарот повеќе од уметност. Вие сте срцето и душата на ВДИШИ!

Продолжуваме да дишеме театар. Заедно.

< врати се назад