декември 1, 2022

1-ви декември Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА

-ви декември Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, Црвен крст Охрид го одбележa со низа активности, под мотото „Знаењето е најдобра превенција од ХИВ инфекција“.
 
Со цел да се подигне нивото на свеста во јавноста за ХИВ/СИДА и изрази поддршка на оние кои што живеат со ХИВ, на 1 ви декември волонтерите на Црвен крст Охрид на минувачи, на вработени и посетителите во градските кафулиња, маркети, продавници, ученици во средните училишта им ставаа црвени панделки како универзален симбол за свеста дека СИДА-та постои и како поддршка на оние кои живеат со СИДА, ги едуцираа со корисни совети за начинот на превенција и заштита од ХИВ/СИДА, а беа делени и едукативни флаери за начинот на пренесување, превенција и заштита од инфекција со ХИВ вирусот.
 
Активностите продолжуваат и во текот на Неделата на борба против ХИВ/СИДА од 1-7 декември 2022 со реализација на интерактивни едукативни работилници за младите и обука на врсничkи едукатори за ХИВ/СИДА и реализација на типизирани предавања во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца.
 
Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА и Неделата на борба против ХИВ/СИДА се одбележуваат секоја година со цел да го свртат вниманието на јавноста за значењето на превенцијата и раното откривање на инфекцијата со ХИВ вирусот.
 
И оваа година активностите во кампањата за борба против ХИВ/СИДА се во соработка и поддржани од Canadians For Children At Health Risk.
 
< врати се назад